Орбан: „Милионскиот бран на мигранти не може да се спречи без Турција“

Во случај Турција бегалците ги испрати во Сирија наместо во Европа, тогаш и Европа и неговата земја ќе бидат во безбедност

Орбан: „Милионскиот бран на мигранти не може да се спречи без Турција“

Унгарскиот претседател Виктор Орбан рече дека не можат да го спречат мигрантскиот бран на милиони луѓе кои се насочија кон Унгарија и Европа.

Во неделниот говор на унгарското државно радио Косут, премиерот Орбан направи осврт на посетата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на 7 ноември на Унгарија.

Орбан во говорот рече: „Во случај Турција бегалците ги испрати во Сирија наместо во Европа, тогаш и Европа и неговата земја ќе бидат во безбедност. Но ако во Турција не постои моќ, рамнотежа и доверба, ако не може да ги спречи бегалците и тоа се одрази врз сонот на бегалците кои сакаат да се доселат во Европа, тогаш тоа ќе биде причина милиони мигранти да дојдат во Европа.

Без Турција не можеме да го спречиме мигрантскиот бран на милиони луѓе кои се насочија кон Унгарија и Европа“ рече Орбан.



Слични вести