Чавушоглу на Светскиот економски форум на лидерите од Западен Балкан во Женева

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Женева кадешто учествуваше на состанокот на Светскиот економски форум на лидерите на земјите од Западен Балкан, истакна дека ќе продолжи поддршката на Турција на трајниот мир и стабилноста на Балканот

Чавушоглу на Светскиот економски форум на лидерите од Западен Балкан во Женева

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во швајцарскиот град Женева каде што отпатува за остварување на низа официјални средби и разговори учествуваше на состанокот на Светскиот економски форум на лидерите на земјите од Западен Балкан.

Чавушоглу во објавеното соопштение на својата сметка на социјалната мрежа Твитер во врска со состанокот истакна дека соработката на Турција со Балканот ќе биде уште повеќе унапредена. 

Чавушоглу нагласи дека ќе продолжи поддршката на Турција на трајниот мир и стабилноста на Балканот.

Во рамките на овој значаен собир во Женева, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се состана и со грчкиот министер за надворшени работи Никос Дендиас.

На средбата, двајцата шефови на дипломатии разменија мислења во врска со билатералните односи и регионални случувања.



Слични вести