Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) изгради ново училиште во селото Казандол, Валандовско

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) која на Северна Македонија и подари околу 40 училишта вклучувајќи нови згради, реновирање и опрема, изгради ново училиште во селото Казандол, Валандовско

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) изгради ново училиште во селото Казандол, Валандовско

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во Валандово изгради нова училишна зграда.

На церемонијата на отворање на училишниот објект во селото Казандол кое е дел од Основното училиште „Цветан Димов“ во Валандово, учествуваа министерот на Северна Македонија за странски инвестиции Елвин Хасан, градоначалникот на Валандово Перо Костадинов, координаторот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во Скопје Ајтекин Ајден, директорката на училиштето Даниела Џонова, наставници и ученици.

Министерот на Северна Македонија за странски инвестиции Елвин Хасан за новинарите изјави дека е претставен финалниот резултат на уште една од инвестициите што Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) ги реализира на полето на образованието и ја изрази благодарноста до Турција и до ТИКА.

Хасан истакна дека како Влада ја презеле одговорноста и дека во таа насока продолжуваат со активностите на најдобар начин да се образоваат идните генерации, додавајќи „Како претставник на Владата на Република Северна Македонија, би сакал да им се заблагодарам и на братската Република Турција и на тукашните сонародници. Изразувам најдобри желби. Се надевам дека во ова училиште кое го изгради ТИКА следните генерации ќе се образоваат подобро.“

Градоначалникот на Валандово Перо Костадинов, го изрази своето задоволство што се наоѓа во селото Казандол, потенцирајќи дека на секое поле покажале дека во земјата е можно да се живее во заедница.

Осврнувајќи се на големата турска популација во Валандово, градоначалникот Костадинов изјави: „Јас сум поборник на ставот дека сите ние сме еднакви и исти и дека мора да создаваме услови за сите“, истакна Костадинов и упати голема благодарност до Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).

Тој им посака успешно школување и завршување на школската година на учениците што ќе се школуваат во новоизграденото училиште.

Координаторот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) Ајтекин Ајден, изјави дека ТИКА од 2005 година досега спроведува активности во Северна Македонија, потсетувајќи дека на различни полиња спровела приближно 1.000 проекти. „Денеска сме тука во селото Казандол во Валандово, во кое живеат и нашите сонародници, на отворањето на ново училиште, кое е уште еден од нашите проекти на полето на образованието.“

Истакнувајќи дека претходните години ТИКА, вклучувајќи нови згради, реновирање и опрема, на Република Северна Македонија подари околу 40 училишта, Ајден рече дека Основното училиште во Казандол е опремено и дека им е понудено на учениците.

Ајден, истакнувајќи дека старото училиште во селото со 50-годишна историја имало сериозни проблеми од аспект на затоплувањето, а и други проблеми, рече: „Училиштето што го изградивме се состои од три училници. Има една просторија за наставници. Поставивме парно-систем за целосно затоплување на училиштето. Исто така, просторот за заедничко користење се состои од два дела. Учениците ќе имаат и модерна опрема која се состои од табли, клупи и шкафови.

Наведувајќи дека инфраструктурните служби на Општина Валандово ги завршиле своите обврски за приклучување на електрична енергија и водоводна инсталација во училиштето, Ајден рече дека во училиштето ќе се образоваат вкупно 28 ученици, од кои 14 се девојчиња и 14 се момчиња.

„Нашата надеж е дека учениците кои ќе се едуцираат во овие училишта во следните години како поединци ќе ѝ служат на земјата. Исто така, ќе дадат добри услуги и на нашите сонародници. И со добро образование ќе бидат добри индивидуи“, нагласи Ајден.

Ајден, исто така додаде дека ТИКА ја завршила зградата на Основното училиште во селото Калаузлија, Радовишко, и дека училиштето ќе биде отворено откако ќе бидат завршени инфраструктурните работи.

Во рамките на церемонијата, на учениците им беа доделени училишни чанти и канцелариски прибор. (Anadolu Agency-AA)



Слични вести