Избраниот муфтија на Комотини во Западна Тракија, Грција, Ибрахим Шериф казнет со 80 дена затворска казна

Основниот суд на Александруполис (турски Дедеагач) пресуди избраниот муфтија на Комотини (турски Ѓумулџине) Ибрахим Шериф да биде казнет со 80 дена затворска казна која може да биде заменета со парична казна

1302038
Избраниот муфтија на Комотини во Западна Тракија, Грција, Ибрахим Шериф казнет со 80 дена затворска казна

Избраниот муфтија на Комитини (турски Ѓумулџине) во Грција Ибрахим Шериф кој се обвинува за насилно одземање на функцијата „муфтија“ доби 80 дена затворска казна.

Основниот суд на Александруполис (турски Дедеагач), го прогласи за виновен избраниот муфтија на Комитини (турски Ѓумулџине) Ибрахим Шериф на кого му беше судено за извршено кривично дело насилно одземање на муфтиската функција, а поради тоа што присуствувал на еден петочен намаз (џума намаз) којшто бил клањан во едно турско село во областа на Александруполис.

Судот пресуди Ибрахим Шериф да биде казнет со 80 дена затворска казна која може да биде заменета со парична казна.

Муфтијата Ибрахим Шериф приговори на оваа одлука и со посредство на својот адвокат ја обжали пред повисок суд.

Инаку, Ибрахим Шериф кој од страна на муслиманската турска заедница во Комотини (турски Ѓумулџине) е избран за муфтија, досега низа пати беше осуден со обвинение за насилно одземање на муфтиската функција.

Тој потоа се обрати до Европскиот суд за човекови права од чија страна беше пресудено дека е во право и Грција за тоа беше казнета со парична парична. 

Инаку, верските лидери на муслиманската турска заедница, муфтиите и административните делегации на Вакафите (Фондациите) на турското малцинство во Западна Тракија, Грција, се назначуваат од страна на државата.

Турското малцинство пак, се противи на овие применувања во Грција и бара само да ги бира своите муфтии.



Слични вести