За нов претседател на Уставниот суд на Северна Македонија избран Салих Мурат

Во објавеното соопштение на официјалната интернет страница на Уставниот суд на Северна Македонија се истакнува дека членот на Уставниот суд Салих Мурат, е избран за нов претседател на Уставниот суд

1297398
За нов претседател на Уставниот суд на Северна Македонија избран Салих Мурат

Судијата Салих Мурат од турско потекло, на седницата што се одржа денеска во Уставниот суд е избран за нов претседател на Уставниот суд на Република Северна Македонија.

Во објавеното соопштение на официјалната интернет страница на Уставниот суд на Северна Македонија се истакнува дека членот на Уставниот суд Салих Мурат, е избран за нов претседател на Уставниот суд. 

Во соопштението се вели дека одлуката ќе стапи на сила на 1 ноември, кога истекува мандатот на актуелниот претседател на Уставниот Суд Никола Ивановски.

Салих Мурат, инаку припадник на турската заедница во Северна Македонија е роден во 1966 година во селото Врапчиште, Гостиварско.

Во 1991 година дипломира на Правниот факултет на Универзитетот во Белград.

Од 2005 до 2012 година работеше како адвокат во Гостивар, а во 2012 година стана член на Уставниот суд на Северна Македонија.

Салих Мурат кој беше прв припадник на турската заедница во Северна Македонија кој е избран за член на Уставниот суд, ќе стане и прв Турчин кој ќе биде претседател на судот.

 



Слични вести