Порака со честитка од министерот Никола Димтиров по повод 29 октомври Празникот на Републиката

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија Никола Димитров во објавата што ја сподели на својата сметка на Твитер на турски јазик го честита 29 октомври Празникот на Републиката

1296633
Порака со честитка од министерот Никола Димтиров по повод 29 октомври Празникот на Републиката

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија Никола Димитров и косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли објавија пораки со честитки по повод 29 октомври одбележувањето на 96 годишнината од формирањето на Република Турција.

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија Никола Димитров во објавата што ја сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер на турски јазик го честита 29 октомври Празникот на Републиката.

Димитров во својата објава ги етикетира и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и турското Министерство за надворешни работи и го напиша следното: „Честит 29 октомври Празникот на Републиката, на нашиот пријател Република Турција.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу пак, ја ретвитира оваа порака на министерот за надворешни работи на Северна Македонија Никола Димитров и одговори со зборовите „Ценет пријателе Никола, многу ти благодарам.“

Првиот вицепремиер и министер за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли исто така со пораката што ја сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер го честита 29 октомври Празникот на Републиката. 

Пацоли во својата порака напиша: "По повод Празникот на Републиката со моите топли желби за просперитет и радост до народот на Турција, партнерот и пријателот на Косово."

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ја ретвитира и оваа порака на својот косовски колега Беџет Пацоли и одговори со зборовите: "Благодарам мој драг брате Беџет."



Слични вести