Турција остро реагираше на протерувањето на бегалците од Грција

Во 2018 година од Грција во Турција биле протерани 11 867, во првата половина на 2019 година 25 404 нерегуларни мигранти

1295841
Турција остро реагираше на протерувањето на бегалците од Грција

Министерството за надворешни работи (МНР) објави соопштение во врска со протерувањето на нерегуларните мигранти од копно и од море од страна на Грција во Турција.

Во соопштението беше истакнато дека нерегуларните мигранти од Грција во Турција се протеруваат од страна на властите и дека Грција го одбива ова тврдење.

„Продолжува протерувањето на нерегуларните мигранти од копно и море на нашите граници кое се врши од страна на грчките власти“.

Во соопштението беше истакнато дека во 2018 година од Грција во Турција биле протерани 11 867, во првата половина на 2019 година 25 404 нерегуларни мигранти.

Со протераните мигранти беа остварени интервјуа во кои истакнаа дека откако биле фатени од страна на грчките власти, им биле запленети личните предмети без да биде извршена некоја регистрација на истите, биле изложени на неприфатливо однесување и во придружба на грчките државни претставници биле протерани до границите.

Во продолжение на соопштението се истакнува дека мигрантите кои биле фатени од страна на грчката полиција, два дена биле оставени гладни, биле изложени на електрични шокови, биле малтретирани со гумени куршуми и тепани, биле туркани во реката Марица. Во врска со сите овие наведени тврдења постојат доказни материјали како што се фотографии, видео снимки и изјавите на жртвите.

Нелегалните активности за екстрадиција на Грција кои се косат со меѓународното право се регистрирани и во извештаите на Советот на Европа. Истиот совет од Грција бараше да ги суспендира нелегалните активности за екстрадиција на мигрантите и истите да се истражат. Ја повикуваме новата грчка влада да ги поправи направените грешки и политики кои се косат со меѓународното право и наместо да ги демантира и негира вистините за кои имаме низа информации и факти и кои беа утврдени дури и од страна на Советот на Европа.“



Слични вести