Митинг за солидарност со Турција во Скопје

На митингот учестуваа амбасадорката на Турција во Скопје Тулин Еркал Кара, претседателот на МАТУСИТЕБ, Хусрев Емин, политичари од Северна Македонија и Косово, претставници на турски и локални организации во земјата, како и голем број граѓани

1295285
Митинг за солидарност со Турција во Скопје

Пред Мурат Пашината џамија во Старата скопска чаршиј во Скопје се одржа Митинг за солидарност со Турција во организација на Сојузот на турските невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ).

На митингот учестуваа амбасадорката на Турција во Скопје Тулин Еркал Кара, претседателот на МАТУСИТЕБ Хусрев Емин, политичари од Северна Македонија и Косово, претставници на турски и локални организации во земјата, како и голем број граѓани, меѓу кои Турци, Албанци, Бошњаци, Роми и други.

На почетокот на митингот, ученици од основно училиште ја интонираа химната на Турција и беа извикувани слогани како „Реџеп Тајјип Ердоган“, а учесниците на митингот носеа транспаренти со различни написи за поддршка на Турција.

Амбасадорката на Турција во Скопје Тулин Еркал Кара, во нејзиното обраќање пред присутните упати благодарност до МАТУСИТЕБ, кој според неа вложил напори со цел сонародниците во Северна Македонија да имаат мир и благосостојба.

„Упатувам благодарност до МАТУСИТЕБ поради покажаната солидарност со нашата земја и сакам да нагласам дека нашата земја се гордее со вас“, рече Таа.

Кара нагласи дека сонародниците во Северна Македонија се најзначајниот елемент на пријателството меѓу двете земји.

„Љубовта и солидарноста која ја покажувате кон Турција, нè прави уште помоќни“, нагласи Кара, додавајќи дека Турција како во минатото така и во иднина ќе стои до турската заедница во Северна Македонија.

Од друга страна, претседателот на МАТУСИТЕБ Хусрев Емин, рече дека покрај Турците, на митингот учествувале и Албанци, Бошњаци како и Роми, упатувајќи поздрав до претседателот на Турција Реџел Тајјип Ердоган, како и до, како што рече „Сите наши браќа во Анадолија“.

Емин истакна дека секогаш ќе стојат покрај Турција, нагласувајќи дека свесни се оти Турција има за цел да го заштити својот територијален интегритет, да ја елиминира терористичката закана и секое илегално структурирање.

Според Емин, Турција постигна сериозна победа и од воен и од дипломатски аспект.

Тој нагласи дека стабилна и безбедна Турција значи стабилна и безбедна Северна Македонија и стабилен и безбеден Балкан.

„Нашата татковина Турција е братска и пријателска земја на нашата земја Северна Македонија. Таа е прва земја која ја призна Северна Македонија и сè уште имаме добри односи во повеќе области. Ние силно нагласуваме дека ние како граѓани на Северна Македонија секогаш сме во поддршка на братската и пријателската земја Турција во нејзините тешки денови“, рече Емин, додавајќи дека секогаш стојат до претседателот Ердоган како Врховен командант, како и до припадниците на Турските воружени сили (ТВС или TSK).

На крајот на митингот беа читани дови (молитви) за шехидите (загинатите во борбата против тероризмот и сите оние кои ги положиле своите животи за татковината). (Anadolu Agency-AA)



Слични вести