Во Босна уапсен поранешниот српски војник Милан Тришиќ

Тришиќ се бара за злосторство против Бошњаците муслимани во градот Братунац

1294182
Во Босна уапсен поранешниот српски војник Милан Тришиќ

На меѓународниот аеродром во Сараево беше уапсен поранешниот српски војник Милан Тришиќ кој беше протеран од САД.

56 годишниот Тришиќ кој беше приведен од страна на граничната полиција, се обвинува за злосторство против човештвото во рамките на учеството во Војската на Република Српска во периодот на војната во Босна и Херцеговина од 1992-1995 година, односно злосторство против Бошњаците муслимани во градот Братунац. Тришиќ беше испратен на испитување кај јавниот обвинител.

Според соопштението кое беше објавено од страна на Јавното обвинителство на Босна и Херцеговина, На Тришиќ ќе му се суди за убиства, насилства, тортури, масовно прогонство и узурпација во категоријата на злосторства против човештвото.

Во меѓувреме, како резултат на соработката со американските власти, Тришиќ кој беше депортиран од САД и испратен за Босна и Херцеговина, беше осуден на 18 месеци казна затвор поради погрешна изјава при поднесувањето на барањето за стекнување со зелена карта (green card) на САД.

Инаку Тришиќ при поднесувањето на барањето за стекнување со зелена карта од американските власти ја криеше вистината дека учествувал во геноцидот во Сребреница  и низа други злосторства против човештвото, дека бил член на бригадата Братунац, поради што по откривањето на овој факт, беше осуден на казна затвор.

Во САД живеат околу 300 граѓани на Босна и Херцеговина чија екстрадиција се бара поради учество злосторствата против човештвото за време на војната во БиХ, а кои побегнаа и се сместија по војната.



Слични вести