Повик до Грција за признавање на турското малцинство во Западна Тракија

Турското малцинство во Грција се соочува со сериозни тешкотии и од аспект на остварувњето на верските слободи

1293546
Повик до Грција за признавање на турското малцинство во Западна Тракија

Европската група за малцински права (МРГЕ) упати повик до Грција за признавање на турското малцинство во Западна Тракија и укинување на сите пречки за слободно остварување на малцинските права.

Европската група за малцински права (МРГЕ) во својство на братска заедница на Меѓународната група за малцински права (МРГИ) го објави извештајот во врска со турското малцинство.

Во извештајот беше истакнато дека турското малцинство со векови егзистира на овие територии и дека покрај низата заштитни одредби во меѓународното право, не се признават од страна на грчката држава.

Ваквата состојба предизвика (малцинската заедница) серија пречки во остварувањето на правото за формирање нови здруженија, живеење на својата култура и ограничување на способностите во одржувањето на наставата на турски јазик. Ваквиот приод пак предизвикува сериозна опасност за идентитетот, учеството и самоизразувањето.

Турското малцинство во Грција се соочува со сериозни тешкотии и од аспект на остварувњето на верските слободи се истакнува во извештајот и се потенцира на следното:

Турското малцинство меѓудругото се соочува со одредени тешкотии и од аспект на остварувањето на верските слободи, особено во определувањето на верските лидери бидејќи се изложени на државна интервенција. Покрај тоа што Грција е земја потписник на низа договори во врска со човековите права и одговорностите кои ги има како земја членка на ЕУ, правата на турско малцинство за жал се определуваат согласно рамката формирана од пред еден век. Во тие рамки, грчките власти што поскоро треба да ги преземат потребните превенции за признавање на турското малцинство во Западна Тракија и да ги укинат сите пречки кои се однесуваат а остварувањето на сите права што ги поседуваат припадниците на турското малцинство.



Слични вести