Грчки патролен брод во близината на Кос се судри со чамец полн со бегалци

Во судирот се преврте чамецот којшто ги пренесуваше илегалните мигранти. 31 од 34 мигранти беа спасени.

1293174
Грчки патролен брод во близината на Кос се судри со чамец полн со бегалци

Во несреќата до која дојде при судирот на еден грчки патролен чамец во близината на островот Истанќој (Кос) во Егејското море исчезнаа три лица од кои едно дете, а шест лица беа повредени.

Според веста на Грчката новинска агенција АНА-МПА, еден патролен брод на Грчката крајбрежна стража која патролираше по источното крајбрежје на островот Кос удри во еден чамец чии светла за навигација не беа запалени и во кој се наоѓаа 34 сириски бегалци.

Во судирот се преврте чамецот којшто ги пренесуваше илегалните мигранти, 31 од 34 мигранти беа спасени. Продолжуваат активностите за пребарување и спасување на трите лица од кои едно беше дете, а кои паднаа во морето и исчезнаа. Шест од мигрантите беа повредени.

Во активностите за пребарување и спасување од море и копно учествуваат еден брод на Европската агенција за заштита на границите „Фронтекс“, три бродови на Грчката крајбрежна стража и еден Супер Пума хеликоптер.



Слични вести