Амбасадорката Кара во посета за поддршка на училиштето „Мустафа Кемал Ататурк" во Гостивар

Амбасадорката Кара во нејзиното обраќање запраша: „Зошто се таргетираат директорот и наставниците на ова училиште кое е реставрирано од страна на Турција“

1292730
Амбасадорката Кара во посета за поддршка на училиштето „Мустафа Кемал Ататурк" во Гостивар

Амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, оствари посета на поддршка на основното училиште Мустафа Кемал Ататурк во Гостивар, јавува Anadolu Agency (AA).

Кара оваа посета ја реализираше откако Министерството за образование и наука на Северна Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права реагираа против тоа што персоналот и учениците на ова училиште, поставија турско знаме во зградата на училиштето и испратија воен поздрав со цел поддршка за турската операција „Извор на мирот".

Кара за време на посетата беше придружувана од страна на потпретседателот на Демократската партија на Туците (ТДП), пратеникот Јусуф Хасани, претседателот на Движењето за национално единство на Турците (ТМБХ), Ердоган Сарач, претставниците на турските организации и институции во земјата, како и родители.

Амбасадорката во изјава за медиумите упати благодарност поради овој како што рече невин акт, опишувајќи го овој воен поздрав како поздрав до сите турски војници.

„Како може испраќањето на воен поздрав до нашите војници да се претстави како опасен елемент“, додаде Кара.

Турската амбасадорка во нејзиното обраќање запраша зошто се таргетираат директорот и наставниците на ова училиште кое е реставрирано од страна на Турција.

„Овој случај малку ми изгледа како намерно направен. Упатувам срдечен поздрав до вас. Тоа го кажувам од срце. Сигурно дека молитвите од малите срца на овие деца пристигнуваат до нашите војници кои исто така се наши деца. Затоа, како амбасадорка (на Турција) во Скопје, сакам да истакнам дека сум ви благодарна. Нека се вечни вашите убави срца“, рече Кара, додавајќи дека ги осудуваат реакциите против ова училиште.

Според неа, тој акт може да се направи и за некоја друга земја, и дека е акт за поздравување.

Во своето обраќање, Кара потсети на зборовите нa првиот претседател на Босна и Херцеговина, Алија Изетбеговиќ, кој рекол дека „Она што ќе го запамтиме по завршување на случаите ќе биде молкот на нашите пријатели, а не зборовите на нашите непријатели“. Кара додаде дека со години наназад Северна Макаедонија ја сметаат за пријателска и братска земја.

 

Турската амбасадорка исто така даде информации во врска со операцијата „Извор на мирот."

Директорот на ова училиште, Нури Мазлам, истакна дека во четвртокот со желба на родителите пред турското знаме поставено на училишната зграда испратиле воен поздрав со цел поддршка за Турција, нагласувајќи дека тоа е направено надвор од училишната настава, без да се попречува наставата.

Мазлам потсети дека Турција инвестирала околу 1 милион евра за реставрацијата на ова училиште, и дека слична помош нудела и во училиштата во околните села. Според него, воениот поздрав го испратиле во знак за благодарност за помошта од страна на Турција.

Тој рече дека со овој акт не направиле некое прекршување од правен аспект. „За жал на социјалните мрежи настана погрешна перцепција од страна на различни канали. Но, како што гледате родителите целосно стојат зад овој поздрав“, додаде Мазлам.

Пратеникот Јусуф Хасани рече дека тука се собрале за да му дадат поддршка на директорот на ова училиште. „Овие последни случувања длабоко не вознемирија. Остро ги осудувам овие проблеми со кои се соочивме. Уште еднаш сакам да упатам предупредување до сите тие кои го предизвикаа тоа. Турците од Северна Македонија се верни, но се моќни и горди за да стојат до својот народ“, рече Хасани.

Претседателот на ТМБХ, Ердоган Сарач, истакна дека Турција е земја која ја води најмоќната борба против тероризмот, и додаде: „Нашите ученици, директорот, наставниците и персоналот со овој воен поздрав истакнаа дека се спротивставуваат на тероризмот и отворено ги осудуваа поддржувачите на тероризмот“.

На 17 октомври 2019 година персоналот и учениците на ова училиште пред турското знаме поставено на зградата на училиштето упатија воен поздрав и фотографијата ја објавија на социјалните мрежи.

На тоа регираше Министерството за образование и наука на Северна Македонија, Хелсиншкиот комитет за човекови права и општина Гостивар, нагласувајќи дека политиката не е прифатлива во образованието.

Турските политички партии, невладините организации како и граѓаните на социјалните мрежи објавија објави со цел поддршка за училиштето.



Слични вести