Борисов ја повика ЕУ да го остави настрана оној нејзин агресивен став против Турција

Бугарскиот премиер Бојко Борисов ја повика Европската унија (ЕУ) да го остави настрана оној нејзин агресивен став против Турција

1286947
Борисов ја повика ЕУ да го остави настрана оној нејзин агресивен став против Турција

Бугарскиот премиер Бојко Борисов во дадената изјава за печатот на 15. Саем за одгледувачи на добиток во градот Сливен истакна дека претходно постигнатиот договор помеѓу Турција и Бугарија во врска со нерегуларната миграција се применува одлично од страна на Турција и дека не постои одреден притисок од миграција на границата на Бугарија.

Борисов ја повика Европската унија (ЕУ) да го остави настрана оној нејзин агресивен став против Турција.

Укажувајќи на тоа дека Европската унија (ЕУ) во односите со Турција треба да ги земе за основа дипломатијата и ставот на позитивен приод, Бојко Борисов рече: „Брисел да го остави настрана оној агресивен став против Турција. Брисел е далеку, границата на Турција пак, е веднаш покрај нас и (Турција) чекаат 4 милиони бегалци. Ние со турските органи имам јасен договор којшто се потпира на добрососедски основи и како што може да се види притисокот на нерегуларна миграција на нашата граница е нула. Со тоа немаме намера под изговор на очекување на нов миграциски бран да формираме нови мигрантски-бегалски кампови.“

Подвлекувајќи дека камповите, жичаните огради и други видови ѕидови не би можеле да ја попречат миграцијата, бугарскиот премиер Бојко Борисов истакна дека за тоа ќе разговара со лидерите на Европската унија (ЕУ) за време на посетата што ќе ја оствари на Брисел, во четврток.

Борисов се осврна на значењето на добрососедските односи, дипломатијата и меѓусебниот договор со Турција, а воедно додаде дека единствено решение за проблемите во Сирија ќе биде дипломатијата.



Слични вести