Поддршка од Турската Република Северен Кипар на операцијата на Турција „Извор на мирот“ во Сирија

Поддршка на операцијата Извор на мирот којашто ја започна Турција источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, пристигна и од Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

1285533
Поддршка од Турската Република Северен Кипар на операцијата на Турција „Извор на мирот“ во Сирија

Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар истакна дека ја поддржуваат операцијата Извор на мирот и дека стојат покрај Турција.

Според објавеното писмено соопштение од владата на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), премиерот Ерсин Татар во врска со операцијата Извор на мирот којашто е започната за уништување на терористичкиот коридор за којшто се водат обиди да се формира на јужната граница на Турција и за воспоставување на мирот и спокојството во регионот, го рече следното: „Кипарскиот турски народ е постојано покрај нашата Турција. Нашите дови (молитви) се за нашата војска Мехметчик и нашата армија.“

Велејќи дека Турција ја започна операцијата Извор на мирот со цел да ја елиминира терористичката закана насочена против неја самата и светскиот мир, како и да формира безбедна зона во Сирија, премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар рече: „Сигурни сме во тоа дека ќе се постигне успех, ќе се воспостави територијалниот интегритет на Сирија и ќе се донесе мир во регионот. Аллах нека и биде на помош на нашата Турција.“



Слични вести