Вучиќ ги повика турските бизнисмени да реализираат поголеми инвестирања во Србија

Претседателот на Србија Александар Вучиќ во своето обраќање на Српско-турскиот бизнис форум во Белград ги повика турските бизнисмени да реализираат поголеми инвестирања во Србија

1283728
Вучиќ ги повика турските бизнисмени да реализираат поголеми инвестирања во Србија

Претседателот на Србија Александар Вучиќ во своето обраќање на Српско-турскиот бизнис форум во Белград изјави дека Србија е земја која има најдобри трговски односи со Турција меѓу Балканските земји и ги повика турските бизнисмени да реализираат поголеми инвестирања во Србија.

Вучиќ на бизнисмените на двете земји им се обрати со следните зборови: „Искористете ја можноста и гледајте како би можеле да инвестирате во Турција и како да привлечете поголеми инвестиции од Турција.“

Укажувајќи на тоа дека тогаш кога претседателот Ердоган дојде на власт националниот приход по глава на жител изнесуваше некаде околу 3.500 долари, додека денеска е зголемен на 11.000 долари, Вучиќ реќе: „Покажете ми друг светски или европски лидер кој успеал да го направи тоа.“

„Затоа на српските стопанственици им порачувам да ја искористат можноста и да видат како да инвестираат во Турција и како да привлечат додатни инвестиции од Турција" - порача Вучиќ.

Тој ги повика инвеститорите од Турција да инвестираат во српските бањи.

„Ги молам и турските инвеститори да ги земат во предвид нашите бањи кои сме спремни да ги приватизираме. Имаме врвни капацитети, но немаме пари да вложиме во нив“ - наведе Вучиќ.

Оценувајќи дека Турција од притисоците од различни надворешни фактори секогаш излезе како посилна, а бидејќи како што рече „турскиот народ е вреден. Претседателот Ердоган пак, е посветен и оддаден на развојот и напредокот на својата земја.“

Српскиот претседател Александар Вучиќ додаде дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, донесе големи промени во регионот и дека Тој дава голем придонес особено во обновата на инфраструктурата во Србија.

Инаку, на Српско-турскиот бизнис форум во Белград учествуваа стотици стопанственици и од двете земји.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, српскиот претседател Александар Вучиќ во својство на домаќин и претседавачот и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, Шефик Џаферовиќ и Милорад Додик, вчера во Белград се состанаа и на трилатералниот самит Србија-БиХ-Турција.

По самитот, претседателите на Турција, Србија и членовите на Претседателството на БиХ во Сремска Рача присуствуваа на свечената церемонија на поставување на камен темелникот за изградба на автопатот Белград-Сараево.



Слични вести