Трилатерален Самит Турција-Србија-Босна и Херцеговина во Белград
Самитот се одржува со учество на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, српскиот претседател Александар Вучиќ во својство на домаќин и претседавачот и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, Шефик Џаферовиќ и Милорад Додик
1284128

Во Белград започна трилатералниот Самит Турција-Србија-Босна и Херцеговина.
Самитот се одржува со учество на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, српскиот претседател Александар Вучиќ во својство на домаќин и претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељко Комшиќ и бошњачкиот член Шефик Џаферовиќ и српскиот член на Претседателството Милорад Додик.
Домаќинот, српскиот претседател Александар Вучиќ ги пречека своите гости во претседателската палата во Белград каде што се одржува Самитот и се ракуваше со сите одделно.
По сликањето на семејна фотографија, лидерите преминаа на трилатералниот Самит, а потоа ќе одржат заедничка прес конференција.
Слични вести
