Во Косово на 6 октомври ќе се одржат предвремени парламентарни избори

На изборите ќе се натпреваруваат 20 политички партии, како и 4 предизборни коалиции и 1 независен кандидат, а ќе гласаат вкупно 1 милион 937 илјади 869 бирачи колку што се регистрирани во избирачкиот список

1282053
Во Косово на 6 октомври ќе се одржат предвремени парламентарни избори

По оставката на косовскиот премиер Рамуш Харадинај во јули, откако беше повикан како осомничен од косовскиот Специјален суд во Хаг, Холандија, на 6 октомври во недела, во Косово ќе се одржат предвремени парламентарни избори.

Овие седми парламентарни избори, истовремено ќе бидат и четврти предвремени парламентарни избори во историјата на Косово.

На изборите ќе се натпреваруваат 20 политички партии меѓу кои се наоѓа и Демократската партија на Турците во Косово (KDTP), како и 4 предизборни коалиции и 1 независен кандидат, а ќе гласаат вкупно регистрирани 1 милион 937 илјади 869 бирачи, колку што се заведени во избирачкиот список.

Косовските гласачи ќе можат да гласаат во 895 избирачки места во земјата.

Изборите ќе ги следат околу 50 илјади набљудувачи, меѓу кои и набљудувачи од Европската Унија (ЕУ).

Предизборните кампањи започнаа на 25 септември, а ќе завршат на 4 октомври.

На 6 октомври, во недела, граѓаните на Ксово ќе излезат да гласаат за новите пратеници на Косовскиот Парламент кој брои 120 пратенички места.

Коалицијата „Вакат“ се состои од три политички партии и тоа Бошњачката демократска партија (DSB), Демократската партија на татковината (DSV) и Обединетата бошњачка партија (USB).

Втората коалиција ја сочинуваат Алијансата за иднината на Косово (AAK) и Социјалдемократската партија (PSD) предводена од Рамуш Харадинај, како заеднички кандидат за премиер.

Од друга страна, Социјалдемократската иницијатива (NISMA), Новата косовска алијанса (AKR) и Партијата за правда (PD) ја сочинуваат третата коалиција.

Четвртата коалиција пак, по име „Слобода“ се состои од две партии и тоа Партијата за развој на Косово (PSK) и Новата косовска партија (NPK).

За премиерската функција на Косово ќе се натпреваруваат 5 кандидати и тоа; Рамуш Харадинај како кандидат на Коалицијата AAK-PSD, Фатмир Лимај кандидат на Коалицијата (NISMA-AKR-PD), Албин Курти кандидат на движењето Самоопределување (VV), Вјоса Османи кандидатка на Косовската демократска унија (LDK) и Кадри Весели кандидат на Демократската партија на Косово (PDK).

Вјоса Османи е првата жена која се кандидира за премиерската функција во оваа земја.

На изборите во Косово се применува изборен праг од 5 отсто, секоја партија којашто ќе го надмине прагот ќе испрати свои пратеници во Парламентот.

Инаку, мнозинството од населението во Косово го сочинуваат Албанци, а воедно живеат и други различни малцински групи како Турци, Бошњаци, Срби, Горанци, Роми, Ашкали и Еѓипќани.

Турците во мнозинство живеат во Мамуша и Призрен и сочинуваат 1,1 отсто од населението на Косово.



Слични вести