Државниот секретар на САД Мајк Помпео пристигна во официјална посета на Северна Македонија

Американскиот државен секретар Мајк Помпео на аеродромот во Охрид беше пречекан од министерот за надворешни работи на Северна Македонија Никола Димитров

1281980
Државниот секретар на САД Мајк Помпео пристигна во официјална посета на Северна Македонија

Државниот секретар на Соединетите Американски Држави (САД) Мајк Помпео, денеска пристигна на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, со што ја започна официјалната посета на Северна Македонија.

На аеродромот во Охрид, Помпео беше пречекан од министерот за надворешни работи на Северна Македонија Никола Димитров.

Во рамките на посетата на земјата, американскиот државен секретар Помпео во Претседателската вила „Билјана“ ќе има средба со претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, а потоа е најавена и средба со премиерот на државата, Зоран Заев.

Според најавеното, по завршувањето на средбата, Помпео и премиерот Заев ќе дадат заедничка изјава за медиумите. За време на посетата на Охрид, најавено е дека Помпео ќе го посети манастирскиот комплекс „Св. Богородица Перивлепта“.

Американскиот државен секретар во Охрид пристигна по посетата на Црна Гора.

Претходно, Помпео ја посети Италија, каде што оствари средби со претставниците на државниот врв на оваа земја.

Според соопштението на американскиот Стејт департмент, амерканскиот државен секретар Мајк Помпео од Северна Македонија заминува за Атина, Грција, каде што ќе се сретне со премиерот Киријакос Мицотакис и шефот на дипломатијата Николаос Дендиас. (Anadolu Agency-AA)



Слични вести