„YTB“ додели училишен прибор на турските ученици во Северна Македонија

Во Велес, Карбинци, Штип, Радовиш, Струмица како и во околните подрачја беа доделени 2.000 чанти и училишен прибор за турските ученици во овие подрачја

1272074
„YTB“ додели училишен прибор на турските ученици во Северна Македонија
YTB'den Kuzey Makedonya'daki Türk öğrencilere eğitim desteği 4.jpg
YTB'den Kuzey Makedonya'daki Türk öğrencilere eğitim desteği 3.jpg
YTB'den Kuzey Makedonya'daki Türk öğrencilere eğitim desteği 2.jpg
YTB'den Kuzey Makedonya'daki Türk öğrencilere eğitim desteği 5.jpg
YTB'den Kuzey Makedonya'daki Türk öğrencilere eğitim desteği 1.jpg

Со поддршка на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB), во организација на Сојузот на турските невладини организации во Северна Македонија (МАТУСИТЕБ) во различни градови во источниот дел на Северна Македонија беа доделени 2.000 чанти и училишен прибор за турските ученици во овие подрачја.

Доделувањето започна во Велес, Карбинци, Штип, Радовиш, Струмица како и во околните подрачја, со учество на Кенан Озчелик, претставник на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB) од Турција, како и претседателот на МАТУСИТЕБ Хусрев Емин.

Озчелик во изјава за Новинската агенција Анадолија „АА“ истакна дека тие како Претседателство на Турците во странство и роднински заедници (YTB) вршат различни културни и образовни активности во земјите каде живеат нивни сонародници, како и дека Северна Македонија се наоѓа на чело на земјите на Балканот каде тие вршат интензивни активности.

Истакнувајќи дека во наредниот период ќе продолжат и ќе ги зголемат нивните активности во оваа земја, Озчелик на учениците им посака успешна учебна година.

Претседателот на МАТУСИТЕБ Хусрев Емин, истакна дека со години реализираат различни едукативни активности и дека ги посетиле овие подрачја во источниот дел на земјата за да им помагаат на нивните сонародници.

Емин рече дека имаат за цел да го поддржат образованието на турски јазик, како и турските ученици во земјата, упатувајќи благораност до Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB) на чело со претседателот Абдуллах Ерен, поради доделената помош.

Доделувањето на училишниот прибор ќе продолжи и во наредните денови во Скопје како и во западниот дел на Северна Македонија. (Anadolu Agency-AA)



Слични вести