Турција и Северна Македонија ќе соработуваат во сферата на земјоделството

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Северна Македонија Трајан Димковски истакна дека на остварената неодамнешна посета на турската делегација била изнесена спремноста за соработкапомеѓу двете земји во сферата на земјоделството

1270301
Турција и Северна Македонија ќе соработуваат во сферата на земјоделството

Турција и Северна Македонија ги започнаа допишувањата за одлука за соработка помеѓу двете земји во сферата на земјоделството.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Северна Македонија Трајан Димковски во дадената изјава за Новинската агенција Анадолија „АА“ (Anadolu Agency) истакна дека на остварената посета на турската делегација била изнесена спремноста за соработка и од страна на турската делегација и од нивна страна.

Велејќи дека односите помеѓу двете земји се на многу добро ниво, Димковски напомена дека од Турција во Северна Македонија доаѓаат голем број инвеститори и дека тоа добро се одразува на взаемните односи. 

Тој укажа на тоа дека постои соработка помеѓу бизнисмените на двете земји и ја изнесе следната констатација: „Со политичка порака треба да овозможиме овие бизнисмени да почувствуваат дека ги поддржуваме. Посакуваме да ги зголемиме и инвестирањата и производството. Претпоставуваме дека во наредниот период ќе се зголемат и производството и трговијата.“

Заменик министерот за земјоделство и шумарство Мехмет Хади Тунч пак, истакна дека оствариле дводневна интензивна посета на Северна Македонија.

Велејќи дека на последниот ден од посетата оствариле средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Северна Македонија Трајан Димковски, Мехмет Хади Тунч рече: „на оваа средба одлучивме да ги развиеме уште повеќе нашите односи, да се формираат технички делегации за усогласување на законодавството помеѓу нашите земји и да се состануваат редовно овие наши делегации. Техничките и извршните состаноци за земјоделство кои што ги одржуваме со голем број земји, во наредните денови ќе ги оствариме и со Северна Македонија. Ќе го воспоставиме усогласувањето на законодавството помеѓу нашите земји.“  



Слични вести