Благодарност од Џејн Хол Луте до претседателот на Турската Реублика Северен Кипар Мустафа Акинџи

Според објавеното писмено соопштение од кабинетот на претседателот на Турската Реублика Северен Кипар (ТРСК), Џејн Хол Луте испратила писмо со благодарност до претседателот Мустафа Акинџи

1269198
Благодарност од Џејн Хол Луте до претседателот на Турската Реублика Северен Кипар Мустафа Акинџи

Благодарност од Џејн Хол Луте, привремената специјална советничка задолжена за Кипарскиот проблем од страна на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес, до претседателот на Турската Реублика Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи за неговите напори кои што ги вложува за решавање на Кипарското прашање.

Според објавеното писмено соопштение од кабинетот на претседателот на Турската Реублика Северен Кипар (ТРСК), Џејн Хол Луте испратила писмо со благодарност до претседателот Мустафа Акинџи.

Луте во своето писмо му се заблагодарила на претседателот Акинџи поради неговата посветеност во чии рамки продолжува да вложува напори во правец на изградба на конструктивен пат во однос на тоа како ќе се напредува за изнаоѓање решение за Кипарското прашање.

Привремената специјална советничка задолжена за Кипарскиот проблем од страна на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес, Џејн Хол Луте ја пренесе и својата желба за повторна средба во најскоро време.

Таа во своето писмо со благодарност го напиша и следното: „Повторно ви благодарам поради тоа што вложивте доста конструктивни напори.“



Слични вести