Турски извозници од Егејската област во посета на Северна Македонија за развивање на соработката

Турски извозници од Егејската област предводени од заменик-министерот за земјоделство и шумарство на Турција Мехмет Хади Тунч, на покана на премиерот на Северна Македонија Зоран Заев допатуваа во посета на Скопје

1268218
Турски извозници од Егејската област во посета на Северна Македонија за развивање на соработката
Egeli İhracatçılardan Kuzey Makedonya ziyareti 1.jpg
Egeli İhracatçılardan Kuzey Makedonya ziyareti 2.jpg

Заменик-министерот за земјоделство и шумарство на Турција Мехмет Хади Тунч и неговата делегација составена од членовите на Управниот одбор на Унијата на извозници на свежо овошје и зеленчук од Егејската област, на покана на премиерот на Северна Македонија Зоран Заев реализираа посета на оваа земја, со цел развивање на соработката меѓу двете земји.

Турската делегација во овие рамки во Скопје имаше средби со градоначалникот на општина Гази Баба Борис Георгиевски и претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески.

Заменик-министерот за земјоделство и шумарство Мехмет Хади Тунч, за време на средбите нагласи дека со посетите кои двете земји заемно ги реализирале во последно време тие повеќе се обединиле меѓусебно и дека заемното зголемување на инвестициите позитивно влијаело врз општиот трговски обем.

„Во последните 10 години забележан е раст од 36 отсто во општиот трговски обем. Тоа е позитивно за двете земји. Подготвени сме со Северна Македонија да реализираме соработка во бројни насоки, со цел позитивно да ги развиеме нашите односи во областа на земјоделството“, рече Тунч, додавајќи дека во рамките на посетата се фокусираат на соработката меѓу двете земји.

Потсетувајќи дека Турција на 15 јули 2016 година била изложена на предавнички обид за државен удар од страна на терористичката организација ФЕТО, Тунч рече: „Тие кои го планираа овој предавнички пуч, во бројни земји во светот и на Балканот најдоа можност да се структурираат. Имаме информации и за активностите и за присуството на оваа организација во Северна Македонија. Упатуваме благодарност за вашата поддршка во борбата против оваа предавничка и лоша организација.“

Претседателот на Управниот одбор на Унијата на извозници на свежо овошје и зеленчук од Егејската област Хајреттин Учак, укажувајќи на старото пријателство меѓу двете земји нагласи дека ваквите културни и политички односи треба да постојат и во областа на економијата.

„Се надевам дека нашите посети ќе придонесат во економијата на двете земји“, додаде Хајреттин Учак.

- „Турција е меѓу нашите најзначајни сојузници“

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески рече дека Турција е меѓу нивните најзначајни сојузници.

„Турција е меѓу нашите најзначајни сојузници. Но нашите трговски односи остануваат зад политичките односи кои се многу добри. Една од причините е дека Турција е многу поразвиена земја од нас. Светскиот пазар има значење за вас. Турција е меѓу 20-те најразвиени земји, но ние сме мала земја“, рече Азески.

Градоначалникот на општина Гази Баба Борис Георгиевски ја информираше турската делегација за можностите за инвестиција во регионот и истакна дека неговата општина е еден од најразвиените населени места во земјата.

Георгиевски нагласи дека тие како општина поседуваат земјишта за давање под наем или за продавање, кои се соодветни и за индустрија и за земјоделство и дека подготвени се да направат сѐ за да им помагаат на инвеститорите. (Anadolu Agency-AA)



Слични вести