Заев: Денот на независноста 8 Септември, ден кога се обединивме за да ја заокружиме нашата државност

Премиерот Зоран Заев: Денот на независноста - 8 Септември, ќе остане запаметен како ден кога се обединивме за да ја заокружиме нашата државност и да избереме пат исполнет со меѓусебно разбирање, среќа и просперитет.

1265952
Заев: Денот на независноста 8 Септември, ден кога се обединивме за да ја заокружиме нашата државност

Во Градскиот парк во Скопје се одржа централната манифестација за 8 Септември - Денот на независноста на Република Северна Македонија.

Премиерот Зоран Заев ја предводеше владината делегација, а присутни беа и амбасадори, пратеници и претставници на локалната самоуправа.

Под мотото „Боите на независност“, во Градскиот парк беа организирани презентации од разни организации, кои ги посети премиерот Заев. Меѓу презентациите имаше и традиционални производители на храна, спортски клубови, но и претставници на државни тела, како што беше и показната вежба со кучиња трагачи и вежбата на припадниците на единицата „Тигар“.

По интонирањето на химната на Република Северна Македонија, говор одржа премиерот Зоран Заев, кој, честитајќи им го на сите граѓани Денот на независноста, рече дека е изградено уникатно општество и стабилна држава.

„Денот на независноста - 8 Септември, ќе остане запаметен како ден кога се обединивме за да ја заокружиме нашата државност и да избереме пат исполнет со меѓусебно разбирање, среќа и просперитет. Важни стратешки патокази на тој пат беа НАТО и Европската Унија“, рече Заев.

Претходно во текот на денот, владина делегација предводена од премиерот Заев положи цвеќе на гробот на првиот претседател на земјата, Киро Глигоров, како и на гробот на поранешниот претседател Борис Трајковски.

Потсетуваме дека на 8 септември 1991 година земјата организираше референдум за независност од Социјалистичка Федеративна Република Југославија, на кој над 95 проценти од граѓаните кои гласаа се изјаснија за независна и суверена држава. (Anadolu Agency-AA)



Слични вести