Трета средба на претседателот Мустафа Акинџи со Џејн Хол Луте, од неделата досега

На одржаната средба во претседателската палата, присуствуваа и портпаролот на претседателот на Турската Реублика Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи, Бариш Бурџу, и други функционери

1263817
Трета средба на претседателот Мустафа Акинџи со Џејн Хол Луте, од неделата досега

Претседателот на Турската Реублика Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи вчера ја прими Џејн Хол Луте, привремената специјална советничка задолжена за Кипарскиот проблем од страна на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес. 

На одржаната средба во претседателската палата присуствуваа и портпаролот на претседателот Мустафа Акинџи, Бариш Бурџу и други функционери.

Портпаролот на кабинетот на претседателот Акинџи, Бариш Бурџу, во објавеното писмено соопштение по средбата истакна дека претседателот Акинџи оствари уште една приближно едночасовна корисна средба со Луте која ги продолжува своите активности за заокружување на референтните изрази.

"Нашиот претседател  уште извесно време ќе ги продолжи разговорите со госпоѓа Луте. Откако ќе биде точно утврден датумот на следната средба ќе биде соопштено на јавноста." - рече Бариш Бурџу. 

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи од неделата досега се состана три пати.

Од друга страна, привремената специјална советничка задолжена за Кипарскиот проблем од страна на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес на ист начин четири пати се состана и со лидерот на Кипарско-грчката управа Никос Анастасиадис.

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес во текот на месец септември се предвидува да се состане одделно со двајцата лидери на Кипар, Мустафа Акинџи и Никос Анастасиадис.

Во меѓувреме, постои можност Гутерес да оствари и тројна средба со двајцата лидери на поделениот остров Кипар. 



Слични вести