Косово на 6 октомври ќе оди на предвремени парламентарни избори

Во објавеното соопштение од кабинетот на претседателот се истакнува дека претседателот Хашим Тачи согласно уставните и законските надлежности донесе одлука за одржување на предвремените парламентарни избори на 6 октомври, во недела

1258861
Косово на 6 октомври ќе оди на предвремени парламентарни избори

Косовскиот претседател Хашим Тачи донесе одлука предвремените парламентарни избори да се одржат на 6 октомври, во недела.

Во објавеното соопштение од кабинетот на претседателот се истакнува дека претседателот Тачи согласно уставните и законските надлежности донесе одлука за одржување на предвремените парламентарни избори на 6 октомври, во недела. 

Како што се вели, во правец на потпишаната одлука од страна на претседателот, е издадена директива Централната изборна комисија на Косово да ги преземе сите неопходни мерки за одржување на предвремените избори. 

Инаку, на гласањето коешто се одржа во Собранието на Косово на 22 август со мнозинство гласови беше изгласана одлука за распуштање на Собранието и одржување на предвремени парламентарни избори.

Да потсетеме дека косовскиот премиер Рамуш Харадинај минатиот месец поднесе оставка на премиерската функција, откако од страна на Специјалниот суд во холандскиот град Хаг беше повикан да даде изјава во својство на „осомничен“.



Слични вести