Пратениците гласаа за распуштање на Собранието на Косово и одржување на предвремени избори

На гласањето кое што се одржа денеска во Собранието на Косово, со мнозинство гласови е донесена одлука за распуштање на Собранието и одржување на предвремени парламентарни избори

1256785
Пратениците гласаа за распуштање на Собранието на Косово и одржување на предвремени избори

По поднесената оставка на косовскиот премиер Рамуш Харадинај во месец јули, ќе се оди на предвремени парламентарни избори во Косово.

На гласањето кое што се одржа денеска во Собранието на Косово, со мнозинство гласови е донесена одлука за распуштање на Собранието и одржување на предвремени парламентарни избори.

На денешната седница на Собранието составено од вкупно 120 пратеници учествуваа 91 пратеник од кои 88 пратеници гласаа за распуштање на шестиот состав на Собранието на Република Косово, еден пратеник гласаше против, а еден пратеник беше воздржан.

По оваа усвоена одлука за распуштање на Собранието, косовскиот претседател Хашим Тачи во рок од 30 до 45 дена треба да го утврди датумот на одржување на предврмените парламентарни избори во земјата.

Инаку, косовскиот премиер Рамуш Харадинај минатиот месец поднесе оставка на премиерската функција, откако од страна на Специјалниот суд во холандскиот град Хаг беше повикан да даде изјава во својство на „осомничен“. 

 



Слични вести