Остра реакција од Амбасадата на Турција во Скопје против косовскиот амбасадор Дедај

Во објавеното соопштение од Амбасадата на Турција во Скопје се истакнува дека жестоко се осудуваат неоснованите тврдења и непријателската реторика на косовскиот амбасадор Ѓерг Дедај против Турција и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган

1253327
Остра реакција од Амбасадата на Турција во Скопје против косовскиот амбасадор Дедај

Амбасадата на Турција во Скопје жестоко ја осуди објавата на косовскиот амбасадор во Северна Македонија Ѓерг Дедај во која се употребени неосновани тврдења и непријателска реторика против Турција и нејзиниот претседател Реџеп Тајјип Ердоган.

Во објавеното соопштение од Амбасадата на Турција во Скопје се истакнува дека жестоко се осудуваат неоснованите тврдења и непријателската реторика на косовскиот амбасадор Дедај насочени кон Турција и претседателот Ердоган, во неговата објава на социјалната мрежа Фејсбук, а во врска со нападот врз натписот на спомен-плочата на „Демократскиот парк 15 јули“ во главниот град на Албанија, Тирана.

„Оваа последна објава ја покажува исправноста на нашата одлука да не разговараме со косовскиот амбасадор во Скопје Дедај, кој и претходно даваше изјави против нашата земја и не беше свесен за одговорноста што му ја дава неговата функција. Нашето очекување од нашите пријатели е да ја покажат неопходната солидарност и соработка со нашата земја во нејзината решителност во борбата против терористичките организации, а особено против Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО, во која борба даде добар испит во одбраната на демократијата, кој што служи за гордост.“ - се вели во соопштението на Амбасадата на Турција во Скопје.

Инаку, амбасадорот на Косово во Скопје Ѓерг Дедај, на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук објави напис против Турција и нејзиниот претседател Реџеп Таајјип Ердоган.

Во врска со нападот врз спомен-плочата на „Демократскиот парк 15 јули“ која се наоѓа на паркот на вештачкото езеро во Тирана и за натписот кој се наоѓа во паркот и табелите со турски знамиња, амбасадорот на Косово во Скопје Дедај, ги напиша следните недолични изрази:

„Не за политичкиот споменик на Ердогановата Турција! Таму има место за споменик за геноцидот на Отоманската империја, масакрот од Бар, злосторствата од комунизмот, споменик во врска со војната на Косово, но никако нема место за актуелните политики на Ердогановата Турција.“

Изминатите денови беа оштетени натписот и табелите со турски знамиња во „Паркот на шехидите 15 јули“ изграден од страна на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во главниот град на Албанија, Тирана Потоа за кусо време оштетениот натпис и скршените табели со турски знамиња беа поправени од страна на вработените во локалната самоуправа на Тирана.



Слични вести