Турската Фондација „Дијанет“ во Северна Македонија ќе подели курбанско месо за 2.000 семејства

Во рамките на програмата за курбани по повод Курбан Бајрам, Управата за верски прашања на Република Турција „Дијанет“ и Фондацијата „Дијанет“ од Турција вчера во селото Студеничани во Северна Македонија, заклаа жртвени животни курбани

1251759
Турската Фондација „Дијанет“ во Северна Македонија ќе подели курбанско месо за 2.000 семејства
Diyanet Vakfı Kuzey Makedonya kurban eti dağıtımı 1.jpg
Diyanet Vakfı Kuzey Makedonya kurban eti dağıtımı 2.jpg
Diyanet Vakfı Kuzey Makedonya kurban eti dağıtımı 3.jpg

Управата за верски праша на Република Турција „Дијанет“ и Фондацијата „Дијанет“ од Турција во Северна Македонија ќе поделат курбанско месо за околу 2.000 семејства.

Во рамките на програмата за курбани по повод Курбан Бајрам, Управата за верски прашања на Република Турција „Дијанет“ и Фондацијата „Дијанет“ од Турција вчера во селото Студеничани во Северна Македонија, заклаа жртвени животни курбани.

Мурат Алкан, советникот за верски прашања при турската Амбасада во Скопје, во изјавата за новинската агенција Анадолија „АА“ рече дека курбанското месо на Управата за верски прашања на Република Турција „Дијанет“, донирано од лица од различни земји во светот ќе биде дистрибуирано до муслиманите во Северна Македонија.

Алкан, истакнувајќи дека во текот на денот во Северна Македонија тие ќе заколат 80 курбани крупен добиток, рече: „Се надевам дека денеска ќе завршиме со колењето на курбаните. Месото во фрижидери ќе стои еден ден. Утре ќе почне дистрибуирањето на курбанско месо од 5 килограми.“

Тој нагласи дека курбанското месо ќе биде дистрибуирано во различни делови на Северна Македонија, особено до граѓаните во источните делови на земјата, кои имаат потреба.

„Наша цел е со донацијата од 80 лица да стигнеме до околу 2 илјади семејства. Покрај доделеното курбанско месо, до граѓаните ги пренесуваме и поздравите на муслиманите од Турција“, рече Мурат Алкан.

Тој наведе дека курбанското месо особено ќе се дистрибуира во Источна Македонија, и тоа во градовите Струмица, Радовиш, Валандово и во штипското подрачје, а исто така и во Дебар, Коџачик и во селото Долгаш во општина Центар Жупа. (Anadolu Agency-AA)



Слични вести