Претседателот Мустафа Акинџи го прими министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи во првиот дел од средбата отворена за печатот истакна дека прашањето со енергијата во Источниот Медитеран претставува инструмент кој што е во услуга на мирот и спокојството

1248909
Претседателот Мустафа Акинџи го прими министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез
fatih donmez-mustafa akinci.jpg

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи го прими во Лефкоша министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез.

Акинџи во првиот дел од средбата отворена за печатот истакна дека прашањето со енергијата во Источниот Медитеран претставува инструмент кој што е во услуга на мирот и спокојството.

Тој напомена дека можат да се воспостават мирољубиви односи помеѓу Турците и Грците на Кипар.

Подвлекувајќи дека прашањето со енергетските ресурси доведуваат до поделба меѓу општествата и стануваат причина за војни во регионот и особено во Источниот Медитеран, Акинџи рече: „Меѓутоа, оваа лоша историја не претставува судбина на народите во регионот и би можеле да го промениме тоа. Можат да се воспостават нови односи кои што ќе се потпираат на мироњубивост и обострана корист и помеѓу кипарските Турци и Грци и помеѓу Турција и Грција и меѓу народите во регионот. Патот на тоа поминува од воспоставување на дијалог и формирање на заеднички комитети.“

Акинџи истакна дека предлогот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) за формирање на заеднички комитет по прашањето на природните извори набрзина категорички беше отфрлен од кипарско-грчката страна, а воедно изрази надеж дека ќе се појави потреба да се погледне уште еднаш кон овој предлог за време на лидерската средба која што ќе се одржи на 9 август. 

„Доколку кипарско-грчката страна со инает нема да се приближи кон идејата за формирање партнерство и оди по својот пат, ќе бидат свесни и за тоа дека не ни оставаат друга алтернатива и нам освен и ние да одиме по нашиот пат. Верувам дека има многу што да заработат и кипарските Грци и Грција, од пријателството и особено од пријателството на една голема држава како што е Турција.“ - порача претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи.

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез исто така истакна дека Турција до крај ќе биде покрај правата и интересите на своите сонародници кои живеат во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и напомена дека Турција постојано го изнесува тоа дека не го прифаќа тоа што Јужната кипарско-грчка управа се оценува себе си за единствен сопственик и единствена управа на островот и тоа што фрла еднострани чекори.

Донмез рече: „Го поддржуваме вреднувањето на природните извори по пат на формирање заеднички комитет. Се надеваме дека и спротивната страна (Јужната кипарско-грчка управа) ќе покаже позитивен приод кон нашиот предлог.



Слични вести