Напади врз куќите и возилата на Бошњаците во Горњи Вакуф

Во врска со нападот кој беше извршен синоќа започна истрага.

1248348
Напади врз куќите и возилата на Бошњаците во Горњи Вакуф

Во нападите врз куќите и возилата на некои Бошњаци во Горњи Вакуф беа нацртани кукасти крстови, а исто така беа напишани и навредливи изрази на сметка на блиските на жртвите во Сребреница.

Во соопштението кое беше објавено од страна на полицијата на кантонот Централна Босна беше истакнато дека во нападот на пет возила во селото Крупа и на ѕидовите на куќите беа нацртани кукасти крстови, нацистичкиот симбол а исто така беа напишани и навредливи зборови на сметка на блиските на жртвите во Сребреница.

Во врска со нападот кој беше извршен синоќа започна истрага.

Мухамед Поквиќ еден од жртвите на нападот рече дека жали поради написите кои беа напишани на ѕидовите на неговата куќа потенцирајќи дека „Нашите соседи се Хрвати. Имаме добри односи со нив. Не можеа да не погледнат во очи поради случувањата“.

Анто Батиниќ од селската управа рече дека го осудуваат нападот и дека бараат што побрзо да се фатат и казнат сторителите.



Слични вести