Бугарскиот претседател Радев стави вето на откупот на американските авиони „Ф-16 Блок 70“

Радев: „Со откупот на овие авиони Бугарија се задолжува на подолг временски период и не е постигнат национален консензус во врска со параметрите на договорот, што предизвикува голема загриженост“

Бугарскиот претседател Радев стави вето на откупот на американските авиони „Ф-16 Блок 70“

Претседателот на Бугарија Румен Радев стави вето на постигнатиот Договор за откуп на борбените авиони „Ф-16 Блок 70“ од САД во износ од 1,2 милијарда долари кој беше одобрен од страна на парламентот.

Претседателот Радев кој инаку е поранешен командант на воздушните сили на Бугарија, во образложението за ветото на авионите што го достави до парламентот истакна дека „со откупот на овие авиони Бугарија се задолжува на подолг временски период и не е постигнат национален консензус во врска со параметрите на договорот, што предизвикува голема загриженост“.

Румен Радев во образложението поради ставањето вето на откупот на авионите меѓудругото истакна дека „со откупот на авионите, оружјето и опремата ќе бидат недоволни, поради што ќе дојде и до дополнителни трошоци“.

По ветото на претседателот Радев, одлуката во врска со договорот повторно ќе биде разгледана на седница на парламентот и ќе биде доставена на гласање.



Слични вести