Церемонии во Лефкоша по повод 20 јули Празникот на мирот и слободата

На церемониите учествуваа државниот врв на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), претставници од Турција и голем број функционери

Церемонии во Лефкоша по повод 20 јули Празникот на мирот и слободата

Во Лефкоша, главниот град на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) беа одржани церемонии по повод одбележувањето на 45. годишнина од 20 јули Празникот на мирот и слободата.

На првата церемонија која што се одржа на гробиштата на шехидите (паднатите борци) Богаз, присуствуваа претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи, претседателот на Републичкото Собрание Теберрукен Улучај, премиерот Ерсин Татар, амбасадорот на Турција во Лефкоша Али Мурат Башчери, вицепремиерот и министер за надворешни работи Кудрет Озерсај, потпретседателот на Републичкото Собрание Зорлу Торе, вториот претседател Мехмет Али Талат, министри, претседателот на Врховниот суд Нарин Ферди Шефик, потоа политичари, воениот врв, претставници од здруженија на борците и други функционери.

Церемонијата започна со ставање венци. 

Потоа им беше оддадена почит со едноминутно молчење на шехидите (паднатите борци), беа истрелани почесни истрели, беше интонирана националната химна и беа кренати на јарболот знамињата на Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Церемонијата заврши по потпишувањето на спомен книгата на гробиштата на шехидите од страна на претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи.

Една друга церемонија во Лефкоша се одржа пред споменикот на д-р Фазил Ќучук во Аниттепе, каде што се наоѓа гробот на д-р Фазил Ќучук лидерот на борбата за слобода на турскиот народ на Кипар. 

На овдешната церемонија присуствуваа претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи, претседателот на Републичкото Собрание Теберрукен Улучај, премиерот Ерсин Татар, амбасадорот на Турција во Лефкоша Али Мурат Башчери,  претседателот на Врховниот суд Нарин Ферди Шефик, командантот на безбедносните сили генерал на бригада Тевфик Алган, командантот на 39. механизиран пешадиски полк генерал на бригада Џошкун Каја, потоа министри, пратеници, претставници на здруженија на борците и други претставници. 

Церемонијата започна со поставување венец на споменикот од страна на претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи, им беше оддадена почит на шехидите, беше интонирана националната химна и беа поставени на јарболот знамињата на Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК). 

Церемонијата заврши со потпишување на спомен книгата на споменикот од страна на претседателот Акинџи.

Последната церемонија во Лефкоша се одржа пред споменикот на Турската организација за отпор (ТМТ), а со цел сеќавање и оддадавање почит на основачкиот претседател на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Рауф Денкташ.

На овдешната церемонија присуствуваа претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи, претседателот на Републичкото Собрание Теберрукен Улучај, премиерот Ерсин Татар, амбасадорот на Турција во Лефкоша Али Мурат Башчери, вицепремиерот и министер за надворешни работи Кудрет Озерсај, потпретседателот Републичкото Собрание Зорлу Торе, вториот претседател Мехмет Али Талат, министри, претседателот на Врховниот суд Нарин Ферди Шефик, командантот на безбедносните сили генерал на бригада Тевфик Алган, командантот на 39. механизиран пешадиски полк генерал на бригада Џошкун Каја, претставници на здруженија на борците, ученици и други претставници. 

Церемонијата пред споменикот на Турската организација за отпор (ТМТ) започна со поставување венец од страна на претседателот Мустафа Акинџи, а заврши со потпишување на спомен книгата од негова страна.



Слични вести