Врховниот суд на Холандија ја потврди делумната одговорност на Холандија во Сребреница, но...

Врховниот суд на Холандија ја потврди претходната пресуда за делумна одговорност на Холандија за убиството на 350 цивили од Сребреница, меѓутоа процентот на одговорност на Холандија во случајот од 30 отосто го намали на 10 отосто

1239068
Врховниот суд на Холандија ја потврди делумната одговорност на Холандија во Сребреница, но...

Врховниот суд на Холандија ја потврди претходната пресуда за делумна одговорност на Холандија за убиството на 350 цивили од Сребреница од страна на Војската на Република Српска (ВРС) за време на војната во Босна и Херцеговина (1992-1995).

Меѓутоа, истиот Врховен суд процентот на одговорност на Холандија во случајот од 30 отосто го намали на 10 отосто.

Врховниот суд, кој што е во положба на најнадлежен суд на земјата, ја изрече правосилната пресуда по жалбата на блиските на жртвите од Сребреница на претходно донесената пресуда на Апелациониот суд од 2017 со која Холандија беше прогласена за делумно одговорна за смртта на околу 300 жители на Сребреница, во истиочниот дел на Босна и Херцеговина, кои беа безмилосно убиени во јули 1995 година.

Холандскиот Врховен суд прифати дека 350-те Бошњаци од Сребреница кои се беа засолнале во базата каде што беа на задача холандските војници-мировници од составот на Обединетите нации (ОН), а потоа пресуди дека процентот на одговорност на Холандија за смртта на овие лица кои беа измасакрирани од страна на српските сили изнесува само 10 отсто.

Врховниот суд истакна дека цивилите доколку и би останале во базата „не било сигурно“ оти ќе останат во живот и наведе дека холандските војници не би можеле да им се спротивстават на српските сили да ги приведат овие Бошњачки цивили.

Согласно денешната изречена конечна пресуда на холандскиот Врховен суд, и оштетата која што ќе им ја плати државата Холандија на блиските на жртвите од 30 отсто колку што беше одлучено во пресудата на Апелациониот суд, е намалена на 10 отсто.

Имено, и во претходно изречената пресуда на Апелациониот суд од 2017 година Холандија беше прогласена за делумно одговорна, но тогаш беше соопштено дека процентот на нејзина одговорност изнесувала 30 отсто.



Слични вести