Христодулидас: „Соработката со Турција ќе биде во корист на сите“

Освен дијалогот и комуникацијата нема некоја друга можност

1238165
Христодулидас: „Соработката со Турција ќе биде во корист на сите“

Министерот за надворешни работи на Кипарско грчкиот дел Никос Христодулидис рече дека соработката со Турција ќе биде во корист на сите страни во Источниот Медитеран.

Министерот за надворешни работи на Кипарско грчкиот дел Никос Христодулидис кој го одби предлогот на Кипарските Турци за заедничката управа со јаглеводородните ресурси, во Грција одржа конференција за списанието Економист кое традиционално ја одржува во оваа земја.

Христодулидис рече дека Јужен Кипар има за цел решение и добра соработка, поради што соработката со Турција ќе биде во корист на сите страни.

Христодулис потенцираше дека освен дијалогот и комуникацијата нема некоја друга можност. Единствено по пат на дијалог со Турција можеме да најдеме решение на проблемите и прашањата. Не можеме да ја промениме географијата, затоа мораме да најдеме решение на прашањата со земјите во регионот.

Како што е познато Кипарско грчката управа го одби предлогот на Турската Република Северен Кипар за формирање заеднички комитет во врска со јаглеводородните извори.

Турција соопшти дека ќе испрати четврти брод за истражување и дупчење во Источниот Медитеран. Претходните три бродови кои што ги испрати, бродот за дупчење Фатих продолжува со истражувањето во континенталниот гребен на Турција, бродот за сеизмички истражувања Барбарос Хајредин Паша и бродот за дупчење Јавуз. Наведените бродови продолжуваат и со сеизмолошките истражувања и дупчења во подрачјата за кои ТРСК на Акционерската корпорација за нафта на Турција (ТПАО) издаде одобрение за истражување.



Слични вести