Воени вежби на НАТО „Breeze 2019“ во Црното Море во близина на бугарскиот пристанишен град Варна

На воената вежба на НАТО „Breeze 2019“ која оваа година се одржува по 23-ти пат, учествуваат 27 воени бродови, 5 воени авиони и 5 хеликоптери, како и 2.250 војници од 12 земји

1237214
Воени вежби на НАТО „Breeze 2019“ во Црното Море во близина на бугарскиот пристанишен град Варна

Во водите на Црното Море во близина на бугарскиот пристанишен град Варна се реализира воената вежба на НАТО „Breeze 2019“.

На воената вежба која оваа година се одржува по 23-ти пат, учествуваат 27 воени бродови, 5 воени авиони и 5 хеликоптери од 12 земји.

Во рамките на подготвеното сценарио со 2.250 војници во водите на Црното Море во близина на пристанишниот град Варна се реализираат различни операции во формат коалиција.

За време на воената вежба „Breeze 2019“ се реализираат различни активности како чистење на мини, одговор на напади од воздух и од море, безбедносна контрола во морепловството, соработка со граѓански организации, борба против незаконски сообраќај и гаснење пожар во трговски брод.

На воената вежба на НАТО „Breeze 2019“ од Турција учествуваат фрегатата ТЏГ Тургутреис број F241 под команда на потполковник Бурак Акѓул и бродот за лов на мини ТЏГ Енес број M262 под команда на капетан Ѓокхан Бекташ, како и со 211 војници.



Слични вести