Во Сараево засадени 251 фиданки во чест и спомен на шехидите од 15 јули

Нема да ги заборавиме и нема да дозволиме да се заборават случувањата од 15-ти јули 2016 рече амбасадорот Коч

1236613
Во Сараево засадени 251 фиданки во чест и спомен на шехидите од 15 јули

Во рамките на комеморативните манифестации по повод 15-ти јули, Денот на демократијата и националното единство во Босна и Херцеговина, во Паркот на пријателството во Сараево беа засадени 251 фиданка во чест и сеќавање на на шехидите од 15-ти јули.

Шумата која беше формирана во рамките на Програмата за споделување на искуствата 2019 под покровителство на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) а во чии рамки беа насадени фиданките беше наречена „Спомен шума на шехидите на демократијата од 15-ти јули“.

Амбасадорот на РТ во Сараево Халдун Коч изрази задоволство од остварувањето на овој проект од страна на Генералната дирекција за шумарство во рамките на една урбана шума.

Нема да ги заборавиме и нема да дозволиме да се заборават случувањата од 15-ти јули 2016 рече амбасадорот Коч потенцирајќи дека доследно ќе ги следат правосудните процеси во БиХ.

Координаторот на ТИКА Во БиХ Омер Фарук Алимџи истакна дека засадувањето на 251 фиданка во Сараево во чест на шехидите кои загинаа во борбата против предавничкиот обид на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО има големо значење.

Во градот Тешањ во БиХ ќе одржиме панел и изложба на фотографии под наслов „Погледот на Босна и Херцеговина кон 15-ти јули“ рече Алимџи и додаде дека активностите се поддржуваат и од страна на локалните власти и граѓаните на Босна.



Слични вести