Средба на Мевлут Чавушоглу со Никола Димитров во Скопје

Според соопштението на МНР, се очекува да бидат разменети мислења за севкупните билатерални односи помеѓу двете традиционално пријателски земји, како и за можностите за зајакнување на соработката во сите области од заемен интерес

1236456
Средба на Мевлут Чавушоглу со Никола Димитров во Скопје

Министерот за надворешни работи на Република Турција Мевлут Чавушоглу, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, се состана со министерот за надворешни работи на оваа земја, Никола Димитров.

Министерството за надворешни работи (МНР) на Северна Македонија соопшти дека турскиот министер Чавушоглу престојува во официјална посета на земјава, на покана на неговиот колега, министерот за надвошрени работи на Северна Македонија, Никола Димитров.

Според соопштението на МНР, се очекува да бидат разменети мислења за севкупните билатерални односи помеѓу двете традиционално пријателски земји, како и за можностите за зајакнување на соработката во сите области од заемен интерес.

За време на посетата, во просториите на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, од страна на министрите Димитров и Чавушоглу ќе биде официјално пуштена во употреба техничката опрема за дигитализација на дипломатскиот архив на Министерството. Проектот е поддржан од Министерството за надворешни работи на Република Турција, а финансиран од страна на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).

Во рамките на посетата на земјава, се предвидува министерот Чавушоглу да се сретне и со претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, вчера ја започна посетата на Северна Македонија, каде што во Скопје, под покровителство на Амбасадата на Турција во Скопје, со поддршка на ТИКА, Институтот „Јунус Емре“, Anadolu Agency (AA), Фондацијата „Маариф“ на Турција (TMV) и Меѓународниот балкански универзитет во Скопје (ИБУ), по повод 15 јули - Денот на демократијата и националното единство, учествуваше на панел-дискусија. (Anadolu Agency-AA)



Слични вести