Порака од Димитров за соработка во борбата против ФЕТО: Проблемот на наш пријател е и наш проблем

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија Никола Димитров истакна дека се во соработка со Турција по прашањето на структуирањето на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО во неговата земја

1236711
Порака од Димитров за соработка во борбата против ФЕТО: Проблемот на наш пријател е и наш проблем

Министерот за надворерешни работи на Северна Македонија Никола Димитров и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој престојува во посета на Скопје одржаа заедничка прес конференција.

Димитров истакна дека се во соработка со Турција по прашањето на структуирањето на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО во неговата земја.

Тој напомена дека помеѓу Северна Македонија и Турција постојат многу блиски односи.

Доставувајќи ја својата благодарност до Турција по повод ратификувањето на Проколот за пристапување на неговата земја во НАТО од страна на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ), Димитров рече: „Тоа во суштина не променува ништо, бидејќи ние сме сојузници уште од првиот ден на нашата независност. Меѓутоа, сега ние како идна членка на Сојузот ќе станеме сојузници со пријателска земја Турција, во оваа смисла и официјално.“

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија Никола Димитров се осврна и на соработката на неговата земја со Турција во контекст на борбата против ФЕТО која располага со свое структуирање и во Северна Македонија, во врска со што истакна дека во постапката во врска со испораката на 15-те лица членови на ФЕТО кои се наоѓаат во земјата, а која се спроведува од страна на Министерството за правда на Северна Македонија, е во тек и во Основниот суд Скопје 1 и во Јавното обвинителство.

Нагласувајќи дека Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во Северна Македонија има реализирано 900 проекти во вредност од приближно 100 милиони долари, Димитров воедно додаде дека благодарение на доделената техничка опрема на Министерството за надворшени работи дипломатскиот архив на МНР сега е многу попристапен за документи и за научните истражувачи.



Слични вести