Од Чавушоглу до Димитров: Ние сме природни сојузници, а ќе бидеме официјални сојузници и во НАТО

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на одржаната заедничка прес конференција со својот колега Димитров, ја окарактеризира Северна Македонија како природен сојузник и напомена дека наскоро двете земји ќе станат официјални сојузници и во НАТО

1236654
Од Чавушоглу до Димитров: Ние сме природни сојузници, а ќе бидеме официјални сојузници и во НАТО

Министерот за надворешни работи во рамките на својата посета на Северна Македонија и остварените средби и разговори во Скопје се состана со својот колега Никола Димитров.

На одржаната заедничка прес конференција Чавушоглу, ја окарактеризира Северна Македонија како природен сојузник и напомена дека наскоро двете земји ќе станат официјални сојузници и во НАТО. 

Велејќи дека на одржаните состанови денеска и вчера се разгледани билатералните односи, Мевлут Чавушоглу рече: „Имаме извонредни политички односи. Ние сме природни сојузници, меѓутоа сега ќе стане официјални сојузници и во НАТО.“  

Чавушоглу го изрази задоволството од ратифкувањето на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО од страна на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) пред оваа негова посета, Чавушоглу порака дека поддршката на Турција на оваа пријателска и братска земја ќе продолжи и во индина.

Истакнувајќи дека интеграцијата на Северна Македонија и на Западен Балкан во евроатлантските институции е од витално значење за стабилноста и на регионот, а не само на тие земји, Чавушоглу посака Северна Македонија во октомври да ги започне и претпристапните преговори со Европската унија (ЕУ).

Тој, исто така укажа на тоа дека обемот на билатералната трговија  бележи постојан и стабилен раст и нагласи дека за да се стигне до целта од 1 милијарда долари треба малку да се вложат напори. 

Потсетувајќи дека во Северна Македонија има колу 100 турски фирми и дека поголемиот дел од овие фирми се најсилните фирми на Турција, министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу и се заблагодари на Северна Македонија за поддршката која што им се дава на турските фирми.



Слични вести