Мевлут Чавушоглу во Скопје присуствуваше на „Програмата во чест на загинатите херои од 15 јули 2016“

Министерот за надворешни работи Чавушоглу истакна дека во ноќта на 15 јули, турската нација, под водство на претседателот Ердоган ги спречи предавниците да го извршат државниот удар

1236141
Мевлут Чавушоглу во Скопје присуствуваше на „Програмата во чест на загинатите херои од 15 јули 2016“

Министерот за надворешни работи на Република Турција Мевлут Чавушоглу, синоќа присуствуваше на „Програмата во чест на загинатите херои од 15 јули во Турција“ која се одржа во Мустафа-пашината џамија во Скопје.

Министерот Чавушоглу, во рамките на посетата на Северна Македонија присуствуваше на програмата во чест на загинатите херои од 15 јули во Турција, организирана од страна на Одделот за советништво за верски услуги при Амбасадата на Република Турција во Северна Македонија и Исламската верска заедница на Република Северна Македонија.

Како дел од програмата беа упатени молитви, се читаа делови од Куранот и се интерпретираа духовни песни (илахии).

Чавушоглу, во својот говор истакна дека пред да дојде во Северна Македонија, во Анкара учествувал на церемонијата за оддавање почит на шехидите на 3. годишнина од предавничкиот обид за пуч во Турција.

Министерот Чавушоглу пренесувајќи ги поздравите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Оваа посета беше кратка, но големо задоволство ни е што дојдовме тука, да бидеме заедно со турската заедница и претставниците на турската заедница.“

Чавушоглу истакна дека во ноќта на 15 јули, турската нација, под водство на претседателот Ердоган ги спречи предавниците да го извршат државниот удар и додаде:

„Ние таа вечер знаевме дека не само граѓаните на Турција, туку сите наши соѓрагани, сродни заедници и пријатели на Турција, се молат за нас и дека нè подржуваат. Особено не можеме да ја заборавиме поддршката на турската заедница во (Северна) Македонија. Господ да ве благослови. И ние секогаш ќе бидеме до вас. Еден од основните принципи на турската надворешна политика е да не ве оставиме сами. И понатаму, ако даде Господ, ќе продолжиме да бидеме заедно.“

Во рамките на програмата, скопскиот муфтија Кенан Исмаил исто така одржа говор, а Мурат Алкан, верскиот советник при Амбасадата на Турција во Скопје, читаше молитви. (Anadolu Agency-AA)

 



Слични вести