Францускиот претседател Емануел Макрон во посета на Белград

Францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека едната од целите на посетата е да се изгради заедничка иднина со Србија и напомена дека Европската унија (ЕУ) за да биде подготвена да ја прими Србија, треба да се реформира

1236459
Францускиот претседател Емануел Макрон во посета на Белград

Францускиот претседател Емануел Макрон во рамките на своите официјални средби во главниот град на Србија, Белград, вчера имаше средба со претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Макрон на одржаната заедничка прес конференција по средбата што се одржа во Претседателската палата истакна дека едната од целите на посетата е да се изгради заедничка иднина со Србија и напомена дека Европската унија (ЕУ) за да биде подготвена да ја прими Србија во членство, треба да се реформира.

Макрон истакна дека протоколите за соработка кои што се потпишани во сферите на образованието, културата, транспортот, одбраната и енергијата ќе им придаде нов интензитет на билатералните односи помеѓу двете земји.

Нагласувајќи дека Србија е голема европска земја, францускиот претседател Емануел Макрон рече: „Европската унија (ЕУ) за да ја прими Србија во членство треба да се реформира, а како што напомена поради тоа што ЕУ не може да функционира добро со своите 28 земји членки. Европската унија (ЕУ) треба да донесува побрзи и ефикасни одлуки.“

Српскиот претседател Александар Вучиќ пак, побара од Франција да ја поддржува неговата земја во процесот за членство во Европската унија (ЕУ).

Велејќи дека ќе купат 50 проектили (ракети) од Франција, Вучиќ рече: „Нашата земја која е независна во воена смисла, прави се што е во нејзина можност за да се стекне со неопходната опрема за да се одбрани себе си.“



Слични вести