Во Поточари погребани посмртните останки на 33 жртви од геноцидот во Сребреница

Со комеморации и читање дови (молитви) денеска во Меморијалниот центар Поточари се погребани посмртните останки на уште 33 жртви од геноцидот во Сребреница со што бројот на досега погребаните жртви се зголеми на 6.643

1234220
Во Поточари погребани посмртните останки на 33 жртви од геноцидот во Сребреница

Денеска во Меморијалниот центар Поточари се погребани посмртните останки на уште 33 жртви од геноцидот во Сребреница каде што во јули 1995 година беа безмилосно измасакрирани најмалку 8.372 Бошњаци цивили, и кој се оценува како најголема човечка трагедија доживеана во Европа, по Втората светска војна.

На комеморациите кои што се одржуваат секоја година на 11 јули во Меморијалниот центар Поточари и каде дури и по изминати 24 години од оваа трагедија продолжуваат да се закопуваат посмртните останки на новопронајдени жртви.

На годинашните комеморации во име на Турција учествуваат министерот за спорт и младина Мехмет Мухаррем Касапоглу и пратеници, а дојдоа и претставници на меѓународните организации во оваа земја, политичари, дипломати, верски личности, како и илјадници лица како ширум од Босна и Херцеговина, така и од други земји.

По комеморацијата за сеќавање на жртвите што се одржа во поранешната фабрика за акумулатори, учесниците дојдоа во Меморијалниот центар Поточари каде што се клањаше џеназе намаз (погребниот намаз).

Овде учесниците поставија цвеќиња на споменикот и читаа дови (молитви, се молеа).

По пладневниот намаз, беше клањан џеназе намаз за 33'јцата жртви предводен од претседателот на Исламската заедница на БиХ реису-л-улема Хусеин Кавазовиќ.

Кавазовиќ посака случувањата во Сребреница да не се случат на никое место и да не му се случат никому.

По прочитаната дова (молитва), беа прочитани имињата на сите 33 жртви чии посмртни останки беа погребани од страна на нивните сакани и блиски.

По погребувањето денеска на уште 33 жртви бројот на досега погребаните жртви во Меморијалниот центар Поточари ќе се зголеми на 6.643.

Најмладата од 33 жртви кои се погребани денеска во Поточари е Осман Цврк кој е убиен на 16 години, а најстарата жртва е 82 годишната Саха Цврк.



Слични вести