Патарините во Северна Македонија ги модернизира турската компанија АСЕЛСАН

АСЕЛСАН, согласно потпишаниот договор во износ од 15,9 милиони евра на патарините на автопатот од приближно 200 километри во правец север-југ во Северна Македонија, Коридор 10 изгради „наплатни станици и контролен центар на системот“

1233548
Патарините во Северна Македонија ги модернизира турската компанија АСЕЛСАН
k.makedonya ucret toplama istasyonu.jpg
k.makedonya ucret toplama istasyonu1.jpg

Турската компанија за воена електронска индустрија АСЕЛСАН која силните технологии кои што ги развива во одбранбената индустрија успешно ги интегрира и во цивилните сфери, еден успешен пример во извозот во оваа сфера стави во примена и во Република Северена Македонија.

АСЕЛСАН, согласно потпишаниот договор во износ од 15,9 милиони евра на патарините на автопатот од приближно 200 километри кој што се протега на север од границата на Северна Македонија со Србија до границата со Грција на југ и се нарекува Коридор 10, изгради „наплатни станици и контролен центар на системот“

Вкупно 7'те наплатни станици во должина на автопатот чии фази на поставување и инфраструктурни подготовки беа завршени, беа активирани и почнаа да се користат.

Изминативе денови од страна на премиерот на Северна Македонија Зоран Заев и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов беше претставен пред јавноста „Електронскиот систем за наплата“ на патарините долж Коридорот 10

На тој начин, со широката употреба на „Електронскиот систем за наплата“ на патарините земјата се стекна со еден целосно автоматски и модерен систем во кој е ставено крај на неправилностите и се забрзани премините за возилата.

Сега Република Северна Македонија се подготвува за тендер за поставување, односно изградба на сличен систем на електронско наплатување на патарина и на автопатот во должина на Коридорот 8 кој што се протега во правец исток-запад.

И овој нов тендер ќе биде распишан и реализиран под надзор на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) во вид на меѓународен конкурс.

Така турската компанија АСЕЛСАН која располага со најпогодно решение за тендерот, повторно се наоѓа меѓу најмоќните кандидати за изведување.



Слични вести