Документарниот филм „The Network“ во кој се раскажува за вистинското лице на ФЕТО прикажан во Скопје

Вчера во главниот град на Северна Македонија, Скопје, беше прикажан документарниот филм по име „The Network“ ​​​​​​​(„Мрежа“) во кој се раскажува за вистинското, грозоморно и мрачно лице на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО)

1233244
Документарниот филм „The Network“ во кој се раскажува за вистинското лице на ФЕТО прикажан во Скопје

Во рамките на проектот започнат од страна на Одделот за коминикации во кабинетот на претседателството, вчера во главниот град на Северна Македонија, Скопје, беше прикажан документарниот филм по име „The Network“ („Мрежа“) во кој се раскажува за грозоморното и вистинско лице на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО).

Документарниот филм подготвен од страна ТРТ Ворлд (TRT World), телевизиски канал на Турската радио и телевизија ТРТ кој што емитува на англиски јазик, и снимен од страна на познатиот британски новинар Ендрју Вилсон, го гледаа голем број гледачи.

Фолмот „The Network“ („Мрежа“) беше прикажан во кампусот на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) и под покровителство на Амбасада на Турција во Скопје.

Меѓу големиот број гледачи беа и министерката за одбрана на северна Македонија Радмила Шекеринска, амбасадорката на Турција во Скопје Тулин Еркал Кара, пратеникот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) од Ерзурум Селами Алтинок, како и бројни високи државни функционери на Северна Македонија, политичари, пратеници, претставници на турските организации, институции и здруженија во оваа земја и голем број поканети гости.

Пратеникот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) од Ерзурум Селами Алтинок, во даденаата изјава за новинарите истакна дека Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) го покажа своето вистинско лице на крвав начин во голем број настани, а пред се во обидот за државен удар од 15 јули 2016 година.

Велејќи дека со овој документарен филм се има за цел да се раскаже за вистинското лице на ФЕТО, Алтинок рече: „Борбата (против ФЕТО) во Турција продолжува. Постигнат е голем напредок. Не можеме да кажеме дека целосно е ставен крај, но постигнавме голем напредок. Ги пресушивме нивните финансиски извори. Веќе не можат да вршат трансфер на извори од Турција во странство

„Ги предупредуваме земјите кои ги сметаме за братски и пријателски, со цел она што го доживеа Турција во минатото, самите да не го доживеат во иднина“ - додаде тој.

Селами Алтинок подвлече дека бројни земји се уште продолжуваат да го поддржуваат ФЕТО и порача „Што и да прават тие, ние ќе продолжиме на вистински начин и ќе инсистираме да раскажуваме за неговото вистинско лице“.

Амбасадорката на Турција во Скопје Тулин Еркал Кара истакна дека не сакаат настанот од 15 јули да се случи и во другите земји и дека секој треба да биде внимателен против оваа терористичка организација.

„Секој кој ќе порасне во овие училишта, утре може да стане потенцијален убиец или терорист“, нагласи амбасадорката Кара и додаде дека доколку секој во својата средина води борба против ФЕТО, оваа организација ќе ослабне и ќе исзечне.

Ректорот на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) проф. д-р Мехмет Дурсун Ердем рече дека Турција претрпе сериозни проблеми од ФЕТО и дека оваа организација сеуште ги продолжува своите активности во странство.

 

 

 

 

 



Слични вести