Заев му честита на Мицотакис за победата на парламентарните избори

Според соопштението од Владата, премиерот Заев во телефонскиот разговор на Мицотакис честитајќи му ја победата на парламентарните избори посакал благосостојба на соседот Грција и на грчкиот народ

1232921
Заев му честита на Мицотакис за победата на парламентарните избори

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, имаше телефонски разговор со Киријакос Мицотакис, претседателот на партијата Нова демократија и новиот премиер на Грција.

Според соопштението од Владата, премиерот Заев во телефонскиот разговор на Мицотакис честитајќи му ја победата на парламентарните избори посакал благосостојба на соседот Грција и на грчкиот народ.

„Двајцата премиери заеднички изразија надеж за продолжување на соработката меѓу Северна Македонија и Грција, во очекување на нивната прва средба како премиери. Премиерот Заев ги потврди позициите дека Грција е стратешки партнер на Северна Македонија со којшто развиваме соработка и градиме трајно пријателство и изрази благодарност за поддршката којашто нашата земја ја добива од Грција, за членството во НАТО и за почетокот на преговорите со ЕУ“, се истакнува во соопштението од Кабинетот на премиерот Заев.

Заев во разговорот упатил честитки за успешните демократски избори во Грција, нагласувајќи дека со овие избори земјата уште еднаш покажува дека е водечка во регионот, како најсилна и најстабилна демократија, долгогодишна членка на ЕУ и НАТО, што придонесува кон стабилноста и развојот на регионот.

„Премиерот Заев упати и голема благодарност до досегашниот премиер на Грција и лидер на Сириза Алексис Ципрас, за соработката со која се поставени темели на трајно пријателство меѓу двете земји, и за визијата со која беше поставена основа за еден нов Балкан од кој зрачи мир“, се вели во соопштението од Кабинетот. (Anadolu Agency-AA)



Слични вести