Составена новата влада на Грција на чело со премиерот Киријакос Мицотакис

Составот на кабинетот на новата грчка влада на чело со новиот премиер Киријакос Мицотакис кој вчера ја презеде должноста од Алексис Ципрас исо што и официјално седна на премиерската фотелја, го соопшти портпаролот на владата Стелиос Пецас

1232412
Составена новата влада на Грција на чело со премиерот Киријакос Мицотакис

Познати се членовите на новата влада на Грција на Нова Демократија (НД) на Киријакос Мицотакис која извојува убедлива победа и обезбеди апсолутно мнозинство во Парламентот на одржаните предвремени парламентарни избори во неделата.

Составот на кабинетот на новата грчка влада на чело со новиот премиер Киријакос Мицотакис кој вчера ја презеде должноста од Алексис Ципрас исо што и официјално седна на премиерската фотелја, го соопшти портпаролот на владата Стелиос Пецас. 

Според тоа, за министер за надворешни работи е назначен Никос Дендиас, министер за финансии Христос Стаикурас, а за министер за одбрана Никос Панагиотопулос.

Како што е соопштено првата седница на новата грчка влада на чело со премиерот Киријакос Мицотакис ќе се одржи утре. 

Инаку, на одржаните предвремени парламентарни избори во Грција завчера, во неделата, централно десничарската партија Нова Демократија (НД) освои 39,8 отсто од гласовите и со добиени 158 од вкупно 300 пратеници обезбеди апсолутно мнозинство во Парламентот, формира самостојна влада.



Слични вести