Претседателот Ердоган во Сараево им оддаде почит на жртвите од геноцидот во Сребреница

Претседателот Р. Т. Ердоган, делегацијата во негова придружба и голем број граѓани на Босна и Херцеговина читаа дови за жртвите во геноцидот и поставија цвеќиња на камионот кој ги превезува посмртните останки на 33-јца жртви од геноцидот во Сребреница

1232939
Претседателот Ердоган во Сараево им оддаде почит на жртвите од геноцидот во Сребреница
erdogan bosna.jpg
erdogan, srebrenitsa soykirimi.jpg
erdogan, srebrenitsa soykirimi2.jpg
erdogan, srebrenitsa soykirimi1.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој по повод самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (SEECP) престојува во посета на Сараево, во придружба и на својата сопруга Емине Ергодан, денеска во Сараево присуствуваше и на испраќањето на посмртните останки на жртвите од геноцидот во Сребреница.

Денеска од главниот град Сараево беше испратен за Меморијалниот центар Поточари камионот на кој се наоѓаа ковчезите со посмртните останки на 33'јца жртви кои ќе бидат погребани на 11 јули, во четврток, на 24-та годишнина од геноцидот во Сребреница. 

Камионот кој ги превезува ковчезите со посмртните останки на жртвите дојде пред зградата на Претседателството на Босна и Херцеговина.

Овде претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, делегацијата во негова придружба и голем број граѓани на Босна и Херцеговина читаа дови за жртвите во геноцидот и поставија цвеќиња на камионот.

По церемонијата на поминување на конвојот, претседателот Ердоган разговараше со големиот број насобрани граѓани, а сликаше и фотографии со нив.

Конвојот со посмртните останки на жртвите утрово тргна од градот Високо и поминувајќи низ главниот град Сараево ќе пристигне во Меморијалниот центар Поточари.

Посмртните останки на 33'јца жртви за време на геноцидот во Сребреница, на 11 јули, во четврток, на 24-та годишнина од геноцидот, по комеморациите и џеназе намазот што ќе се клања ќе бидат закопани во Меморијалниот центар Поточари.



Слични вести