На Јахорина во БиХ започна Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ)

Пред почетокот на самитот беше организирано заедничко фотографирање на шефовите на делегациите, а во текот на сесијата ќе усвојат декларација на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), по што е планирано и обраќање до медиумите

1232763
На Јахорина во БиХ започна Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ)

Со пристигнувањето на лидерите и претставниците на земјите учесници на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) започна пленарниот состанок на оваа регионална иницијатива со којашто претседава Босна и Херцеговина.

На Самитот, кој се одржува на Јахорина, присуствуваат претседателот на Турција Реџеп Тајјип Ердоган, претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, претседавачот и членовите на Претседателството на БиХ Милорад Додик, Шефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ, потоа претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ; претседателот на Албанија Илир Мета; српската премиерка Ана Брнабиќ, бугарскиот премиер Бојко Борисов, како и претставници на Хрватска, Романија, Грција, Молдавија и Словенија.

На пленарната сесија присуствуваа и претставници на Европската Унија (ЕУ) и на Советот за регионална соработка (RCC), додека своето доаѓање во БиХ го откажа делегацијата на Косово.

Пред почетокот на состанокот беше организирано заедничко фотографирање на шефовите на делегациите.

Учесниците во текот на сесијата ќе усвојат декларација на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), по што е планирано и обраќање до медиумите.

На Самитот му претходеше свечена вечера за шефовите на делегациите, како и состанок на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Со овој Самит завршува едногодишното претседавање на Босна и Херцеговина со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), по што водењето на оваа иницијатива треба да го преземе Косово.

Регионалната иницијатива ПСЈИЕ започна во 1996 година во Софија, со цел јакнење на регионалната соработка, безбедноста и стабилноста. (Anadolu Agency-AA)



Слични вести