Од Незук започна "Маршот на мирот" во чест на жртвите од геноцидот во Сребреница

Од градчето Незук започна "Маршот на мирот" на одбележувањето на 24-та годишнина од извршениот геноцид во Сребреница во Босна и Херцеговина

1232373
Од Незук започна "Маршот на мирот" во чест на жртвите од геноцидот во Сребреница
srebrenitsa baris yuruyusu.jpg
srebrenitsa baris yuruyusu2.jpg
srebrenitsa baris yuruyusu1.jpg
srebrenitsa baris yuruyusu3.jpg

Со учество на илјадници лица од градчето Незук започна "Маршот на митот" кој што се одржува секоја година на маршутата која што ја користеле Бошњаците преку шумата за да стигнат во градот Тузла и да се спасат од геноцидот во Сребреница, летото 1995 година за време на војната во Босна и Херцеговина.

"Маршот на мирот" во рамките на  комеморациите кои што оваа година се одржуваат во рамките на 24-тата годишнина од комеморациите на сеќавање на геноцидот во Сребреница, кој се оценува за  најголема човечка трагедија која што е доживеана во Европа по Втората светска војна и кога беа безмилосно измасакрирани повеќе од 8 илјади Бошњаци, ќе трае во текот на три дена. 

На маршот кој што се одржува на својата позната маршрута и меѓу народот е познат и по името "Пат на смртта", оваа година учествуваат над 5 илјади доброволци.

Претседателката на Советот на организацијата на комеморациите за сеќавање на Сребреница Хамдија Фејзиќ нагласи дека "Маршот на мирот" е дојден во положба на меѓународна манифестација.

Група граѓани од Турција кои исто така учествуваат на "Маршот на мирот" истакнаа дека дошле овде во знак на оддавање почит на жртвите од геноцидот и за да ја покажат својата солидаризација со Бошњаците.

Доброволците кои маршот го започнаа од градчето Незук со читање дови (молитви) за жртвите во геноцидот, по шумскиот пат кој што го користеа Бошњачките цивили во 1995 година ќе пешачат повеќе од 100 километри.  Учесниците на Маршот, на 10 јули ќе стигнат во Меморијалниот центар Поточари.

Во рамките на маршот кој што се одржува по 15-ти пат, учесниците дневно ќе пешачат по приближно 35 километри.

На 24-та годишнина од геноцидот во Сребреница оваа година на 11 јули, во четврток, во Меморијалниот центар Поточари ќе бидат погребани посмртните остатоци на уште 33 жртви за време на геноцидот.

Моментално во Меморијалниот центар во Поточари се погребани посмртните остатоци на 6.610 жртви во геноцидот.

И покрај тоа што досега поминаа 24 години се уште не можат да се пронајдат посмртните остатоци на уште над илјада жртви од геноцидот во Сребреница.



Слични вести