Киријакос Мицотакис положи заклетва и официјално стана нов премиер на Грција

Киријакос Мицотакис, лидерот на Нова Демократија (НД) положи заклетва со верска церемонија со што и официјално стана премиер на Грција

1232363
Киријакос Мицотакис положи заклетва и официјално стана нов премиер на Грција
Kiriakos Micotakis1.jpg
Kiriakos Micotakis.jpg

Лидерот на Нова Демократија (НД) Киријакос Мицотакис кој излезе како победник на вчерашните одржани предвремени парламентарни избори на кои извојува убедлива победа и обезбеди апсолутно мнозинство во Парламентот, денеска ја презеде премиерската должност со полагање заклетва со верска церемонија.

Мицотакис положи заклетва на одржаната верска церемонија што се одржа во претседателската палата, ставајќи ја својата рака на Библијата. 

Церемонијата на полагање заклетва се одржа во присуство на грчкиот претседател Прикопис Павлопулос, а церемонијата ја водеше архиепископот на Атина Јеронимус.

По положената заклетва на новиот грчки премиер Киријакос Мицотакис најпрвин му честитаа сопругата и децата.

По церемонијата новиот грчки премиер Киријакос Мицотакис изјави за печатот: „Грчкиот народ вчера нам ни даде силна надлежност за промена на Грција. Од овој момент почнува нашата тешка работа.“

Потоа, Мицотакис за церемонијата на примопредавање на премиерската функција дојде во владината зграда каде што беше пречекан од страна на Алексис Ципрас кој изгуби на изборите.

Киријакос Мицотакис кој ја презеде премиерската фотелја пак, заминувањето на Ципрас од владината зграда го следеше од вратата.

Новиот премиер на Грција Киријакос Мицотакис роден во 1968 е оженет со Марева Грабовска која инаку е Полјакиња и е татко на 3 деца.



Слични вести